Шкендија доживеа неочекуван и убедлив пораз во шестото коло од Првата македонска фудбалска лига, откако Тиквеш славеше со 3:1. Тренерот на Шкендија, Артим Положани, по натпреварот не бараше оправдувања и призна дека неговиот тим заслужено останал без бодови.
„Тим кој тврди дека е шампион не може да прави толку многу грешки во додавањата и да губи толку дуели. Знаевме дека Тиквеш ќе игра преку позитивни транзиции, но со сите тие грешки и изгубени дуели, заслуживме да бидеме казнети. Резултатот е фер“, истакна Положани. Во однос на маневрирањето и тактичките и техничките задачи бевме лоши. Одговорноста дефинитивно е на стручниот штаб и мора да ја преземеме што е можно поскоро, па да продолжиме напред“, порача Положани.

