Наполи го совлада Милан со 1:0 во дербито од 31. коло на Серија А, одиграно на „Диего Армандо Марадона“. Единствениот гол го постигна резервистот Матео Политано во 79. минута, откако само неколку минути претходно влезе во игра и искористи одлично центар од Матијас Оливеира.
Домаќините доминираа во текот на натпреварот, создавајќи повеќе опасни шанси, додека Милан имаше само еден точен удар кон голот на Ванја Милинковиќ-Савиќ.
Со овој триумф, Наполи забележа петта последователна победа и 20-та во сезоната, додека Милан претрпе четврта пораз и втор во последните три кола. Во следното коло, на 12 април, Наполи ќе гостува кај Парма, а еден ден претходно Милан ќе го пречека Удинезе.
Нашиот репрезентативец Ељиф Елмас влезе во игра во 85. минута.

