Францускиот фудбалер Пол Погба е на чекор до предвремено заминување од Монако, откако раководството на клубот донесе одлука да ја прекине соработката со него. Поранешниот светски шампион заработи нова повреда на бутот само неколку дена по враќањето на тренинзите, со што ги потврди сите сомнежи околу неговата физичка подготвеност.
Иако неговиот договор важи до јуни 2027 година, Монако планира целосно да му ја исплати предвидената заработка и официјално да го раскине договорот до 1 септември. Погба пристигна во тимот минатото лето со желба да ја оживее кариерата по суспензијата за допинг, но серијата повреди го спречија во тоа, изминатата сезона тој одигра само шест натпревари и паузираше дури 205 дена.
Генералниот директор Тијаго Скуро призна дека Погба имал позитивно влијание во соблекувалната врз младите фудбалери, но проектот на теренот едноставно не донесе резултати. Неговата пазарна вредност во моментот се проценува на едвај 2,5 милиони евра, па по извесниот раскин останува прашањето каде Французинот ќе ја продолжи кариерата.

