Пол Џорџ се врати во Филаделфија, како играч на Бостон Селтикс, но неговото прво соочување со поранешните навивачи не помина без скандал. Иако беше централна фигура во убедливата победа на Бостон со 123:101, постигнувајќи 36 поени, искусното крило го привлече вниманието и со непристоен гест кон навивач на домашниот тим.
Инцидентот се случи во четвртата четвртина откако Џорџ погоди тројка и дополнително ја зголеми предноста на гостите. Откако цела вечер беше дочекуван со свирежи од домашната публика, тој во еден момент не можеше да премолчи на провокацијата. По натпреварот, тој отворено објасни што точно го исфрлило од колосек:
„Еден навивач се однесуваше како кретен. Топката дојде до него, ме погледна право во очи и ја спушти на подот, како да сум куче што треба да отиде по неа, наместо нормално да ми ја додаде. Затоа за возврат му покажав среден прст.“
Целата ситуација добива дополнителна тежина ако се има предвид дека Џорџ летово ја напушти Филаделфија и премина во Бостон во голема размена за Џејлен Браун. По две сезони одбележани со повреди и неостварени очекувања, тој очигледно имаше посебен мотив против поранешниот клуб. Со 36 поени и 6 погодени тројки покажа колку сè уште може на паркетот, додека инцидентот на трибините стана еден од најкоментираните моменти од целата вечер.
Looks like Paul George may have also flipped out a fan (or someone) after that three https://t.co/LecXldKldE
— Noa Dalzell 🏀 (@NoaDalzell) November 11, 2026

