Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Покетино претпазлив пред БиХ: Секој натпревар во нокаут фазата за нас е како финале

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, максимално се подготвува за новиот предизвик на Светското првенство. Неговиот тим вечерва по полноќ ќе се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина на „Ливајс стадионот“ во Сан Франциско. Американците претходно го обезбедија пласманот во елиминациите како првопласирани во својата група.

Искусниот аргентински стратег нагласи дека во елиминациската фаза нема простор за грешки или поправен испит на теренот.

„Ако загубиме, немаме друга шанса и затоа мора да размислуваме како ова да е финале на Мундијалот“, изјави Покетино.

Тој додаде дека неговите фудбалери се ментално подготвени и покажуваат огромен напредок во својата игра.

Покетино упати сериозни пофалби и до противникот, кој помина низ тешка група предводен од Сергеј Барбарез. Аргентинецот ја истакна агресивноста, силата и тактичката прилагодливост на босанските фудбалери како голем предизвик за неговата одбрана.

Што се однесува до составот, првата ѕвезда Кристијан Пулишиќ е целосно подготвен за настап по незгодната повреда. Дефанзивецот Остон Трасти закрепнува побрзо од очекуваното, додека Кристијан Ролдан и Марк Мекензи сè уште се под знак прашање. Американскиот селектор за крај порача дека неговиот тим не се смета за фаворит и бара максимален респект кон ривалот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.