Меѓународен фудбал Фудбал

Покетино не мрда од клупата на САД до 2030 година!

Маурисио Покетино останува на чело на фудбалската репрезентација на САД до 2030 година, откако ги финализираше неколкумесечните преговори. Аргентинскиот стручњак доби доверба да го води националниот тим низ сите претстојни предизвици, заклучно со следниот светски шампионат.

Иако Американците го завршија настапот на Светското првенство со пораз од Белгија во осминафиналето, раководството на сојузот одлучи да го награди искусниот стратег. Со новиот потпис тој ќе добие покачување на платата која досега изнесуваше шест милиони долари годишно, но и значително поголеми овластувања кои вклучуваат работа со младинските категории и едукација на домашните тренери.

Покетино седна на клупата во 2024 година и на 31 натпревар оствари 18 победи, но не успеа да ја оствари примарната цел за пласман во четвртфиналето на домашниот Мундијал. Сепак, челниците на американскиот фудбал пронесоа одлука да му овозможат комплетен четиригодишен циклус за конечно да го подигне нивото на репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.