Манчестер јунајтед и покрај голеадата против Астон Вила (4:4) продолжува да се соочува со сериозна криза, а иднината на Мајкл Керик на „Олд Трафорд“ е сè понеизвесна. Иако тимот успеа двапати да се врати од негатива од два гола, освоениот бод не бил доволен за да ја врати довербата на клупското раководство.
Според англиските медиуми, меѓу најсериозните кандидати за негов наследник повторно се наоѓа Маурисио Покетино. Аргентинецот, кој моментално е селектор на САД, остави одличен впечаток во Премиер-лигата со Тотенхем, а во минатото беше блиску до преземање на Јунајтед. Покрај него, во комбинација се и Еди Хау и Јулијан Нагелсман. Интересно е што ниту во раководството нема единствен став, техничкиот директор Џејмс Вилкокс го фаворизира Хау, додека шефот на скаутската служба Кристофер Вивел повеќе го посакува Нагелсман.
На пошироката листа се и Антонио Конте и Себастијан Хенес од Штутгарт, додека Дидие Дешан наводно веќе ја одбил можноста за преземање на клубот. Во меѓувреме, Керик се обидува да ја задржи својата позиција, но на „Олд Трафорд“ сè посериозно размислуваат за ново тренерско решение.

