Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Покетино блиску до продолжување на мандатот во САД!

Фудбалската федерација на САД работи на продолжување на соработката со селекторот Маурисио Покетино, со цел аргентинскиот стратег да остане на кормилото и по Светското првенство во 2030 година. Актуелниот договор на Покетино истекува следниот месец, но од федерацијата веќе подолго време се водат разговори за нова соработка, бидејќи задоволството од неговата работа е големо.

САД под негово водство обезбедија пласман во нокаут-фазата од Мундијалот, откако забележаа убедливи победи во групата, а и покрај поразот од Турција, првото место беше осигурано. Во осминафиналето Американците ги очекува дуел со Босна и Херцеговина, а плановите на федерацијата одат и подалеку од тековниот турнир – со желба Покетино да го предводи тимот и на идните големи натпреварувања, вклучувајќи го Мундијалот 2030 и Олимписките игри во Лос Анџелес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.