Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Погодокот на Кабрал е прогласен за најубав на Мундијалот (ВИДЕО)

ФИФА го официјализираше изборот за најубав гол на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Лауреат на ова признание не е ниту една од најголемите светски ѕвезди како Меси, Мбапе или Халанд, туку Сидни Лопес Кабрал од репрезентацијата на Зеленортските Острови.

Десниот бек на Трабзонспор ги освои гласовите на публиката благодарение на неговиот спектакуларен и прецизен удар од работ на шеснаесетникот во драматичниот меч против Аргентина.

Кабрал постигна гол за 2:2 во второто продолжение од осминафиналето, заокружувајќи ја бајката за африканската селекција. Иако Аргентинците подоцна изборија победа, овој момент останува запишан во историјата на шампионатот.

Неговиот погодок исплива на првото место во конкуренција од вкупно 308 голови постигнати за време на најмасовниот Мундијал досега. Со ова признание, дебитантскиот настап на Зеленортските Острови доби совршен финиш.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.