Други спортови Останато

Погачар инспириран од Ѓоковиќ: Свирежите од публиката ги надминувам мислејќи на Новак

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар откри дека најголема инспирација во тешките моменти на патеката му е тенисерот Новак Ѓоковиќ. Четирикратниот шампион на Тур де Франс неодамна се соочи со свирежи од француската публика по победата на националниот празник.

Во интервју за „RMC Sports“, Погачар објасни како се справува со притисокот од трибините во такви непријатни моменти. Словенецот истакна дека во тие мигови секогаш помислува на неверојатната ментална сила на српскиот тениски ас.

„Ѓоковиќ имаше една од најтешките кариери на ментален план. Често му свиреа без никаква причина, но тој сепак остана меѓу најголемите во историјата. Затоа кога мене ми свират, веднаш мислам на Новак и тоа силно ме мотивира“, изјави Погачар.

Тој додаде дека публиката во велосипедизмот сепак е многу подобра отколку во другите спортови како фудбалот и тенисот. Најголемиот дел од навивачите покрај патеката ги поддржуваат сите натпреварувачи, а само мал број од нив испраќаат свирежи.

Менталната сила на Ѓоковиќ во непријателска атмосфера одамна е пример за многу светски спортисти. Србинот е познат по тоа што успева негативната енергија од трибините да ја претвори во сопствена сила на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.