Боречки спортови Други спортови

Подгорица повторно ќе биде домаќин на ФНЦ 36!

Регионалната ММА организација ФНЦ и официјално ќе се врати во Подгорица, Црна Гора, каде на 19 декември ќе го организира настанот ФНЦ 36 во салата „Морача“. По успешното минатогодишно издание, кое ги исполни трибините и привлече големо внимание кај љубителите на боречките спортови, организаторите повторно се одлучија црногорската престолнина да биде домаќин на еден од своите најголеми настани.

Засега не се откриени имињата на борците кои ќе настапат, но се очекува и овојпат во кафезот да се појават неколку познати црногорски ММА натпреварувачи. Организаторите најавуваат дека првите официјални потврди за борбената карта ќе бидат објавени во текот на есента. ФНЦ 36 ќе се одржи на 19 декември, на Денот на ослободувањето на Подгорица, а повторно се очекува салата „Морача“ да биде исполнета до последното место.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.