Репрезентација на Македонија Светски првенства Фудбал

Поддршка од претседателот Омерагиќ: Пред нас се нови силни предизвици

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, искажа јавна поддршка кон сите членови и чинители во репрезентацијата по мартовското издание. Според Омерагиќ, единството во колективот е нешто што мора да се задржи и во иднина доколку сакаме да бележиме позитивни резултати.

„Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.

Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме. Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз.

Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив. Останува најважното, да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние.“, порача Масар Омерагиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести