Кошарка Македонска кошарка

Почнува Плеј-оф фазата во МТЕЛ Супер Лигата

Денес ќе започне втората фаза од машката кошаркарска МТЕЛ Супер Лига. Во групата на победниците, за денес се закажани три натпревари. ТФТ ќе го пречека Тиквеш, МЗТ Скопје во Јане ќе ја угости екипата на Кожув, а Маџари патува во Битола кај Пелистер.

Во групата на губитниците, за денес е закажан еден натпревар, каде силите ќе ги одмерат Работнички и Феникс 2010. Вчера во истата група, Куманово беше подобар од Гостивар со 75:73.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести