Меѓународен фудбал Фудбал

Почна новата ера Мурињо, го одработи првиот ден во Реал Мадрид!

Жозе Мурињо и официјално го означи почетокот на своето ново поглавје на клупата на Реал Мадрид. Искусниот португалски стратег пристигна во шпанската престолнина, а само неколку часа подоцна им се обрати на навивачите со кратка, но јасна порака која предизвика големо внимание. Мурињо објави фотографија на социјалните мрежи со едноставниот коментар: „Ајде!“, со што симболично го најави почетокот на новата ера во Мадрид.

По пристигнувањето, Португалецот веднаш се упати кон тренинг-комплексот во Валдебебас, каде што ќе ги започне подготовките за новата сезона. Во наредните денови фокусот ќе биде ставен на организацијата на стручниот штаб, анализата на играчкиот кадар и планирањето на претсезонскиот период. Првиот собир со фудбалерите е закажан за понеделник, 13 јули, кога Мурињо ќе го одржи и првиот официјален тренинг со играчите што ќе му бидат на располагање. Очекувањата од неговото враќање во Реал Мадрид се огромни, а навивачите се надеваат дека искусниот тренер повторно ќе го врати клубот на врвот на европскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.