Европски првенства Кошарка Меѓународна кошарка Репрезентација на Македонија

Почеток на подготовките на машката сениорска репрезентација

Подготовките се фокусирани на дуелите од „А“ групата на претквалификациите, кои вклучуваат натпревари против Ирска и Луксембург.

Во понеделник, на 15. јуни, со почеток во 10. часот, ќе се одржи првиот собир на нашата машка сениорска репрезентација во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Овој настан, затворен за јавноста, означува старт на третиот дел од претквалификациската трка за пласман на репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал, во согласност со својата стратегија, состави поширок список на кошаркари, меѓу кои се и нови имиња кои досега не биле дел од сениорскиот тим. Целта е да се запознаат со потенцијалот и квалитетите на овие играчи, како и да се подготват за претстојните натпревари.

Подготовките се фокусирани на дуелите од „А“ групата на претквалификациите, кои вклучуваат натпревари против Ирска и Луксембург.

Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје, каде репрезентацијата активно ќе се подготвува за овие важни средби.

Во подготвителниот период ќе биде потврдено и кој од натурализираните кошаркари, ќе бидат во конкуренција за место во тимот. Првиот натпревар е закажан за 2. јули против селекцијата на Ирска, а следува гостувањето во Луксембург на 5. јули.

Поширок список на играчи за ФИБА „прозорец“ – јули 2026

Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Адем Мекиќ – Задар – Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Резарт Мемед – Бора – Косово

Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД

Павел Иванов – НЦАА – САД

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Виктор Ташовски – ТФТ

Страхил Николов – ТФТ

Стојан Ѓуроски – МКК Куманово

Мухамед Тачи – Чаир 2030

Рубин Стефанов – Ангели

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Никола Бојчев – Кожув

Теодор Симиќ – Кожув

Амар Хот – Маџари

Марко Луканоски – Маџари

Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл

Михаил Наумоски – Феникс 2010

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.