Меѓународен фудбал Фудбал

Победата над Англија станува празник: 15 јули прогласен за Ден на фудбалот во Аргентина!

Фудбалската федерација на Аргентина со едногласна одлука на Извршниот одбор го прогласи 15 јули за „Ден на репрезентативниот фудбал“. Овој датум е официјално избран во чест на епската победа над Англија во полуфиналето од Светското првенство 2026 година.

Аргентина имаше негатива сè до 85. минута од натпреварот, но со погодоците на Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез направи експресен пресврт за триумф од 2:1 и втори последователен пласман во мундијалското финале. Големиот пресврт предизвика еуфорија ширум земјата и изнесе милиони навивачи на улиците.

Натпреварот имаше и посебна емотивна тежина поради историското ривалство и тензиите поврзани со Фокландските Острови. Од АФА истакнаа дека овој подвиг предводен од селекторот Лионел Скалони засекогаш ќе остане еден од најсветлите моменти во спортската историја на нацијата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.