Меѓународен фудбал Фудбал

Победа за Мурињо на новото деби, Реал со минималец против Алкоркон

Реал Мадрид со победа ги отвори летните подготовки, откако со 1:0 го совлада Алкоркон во првиот контролен натпревар под водство на Жозе Мурињо, кој повторно седна на клупата на „кралскиот клуб“. Единствениот погодок беше постигнат во 81. минута, кога Даниел Јанес успешно реализираше пенал. Претходно, во првото полувреме, Арда Ѓулер не успеа да ја искористи најстрогата казна за мадридскиот тим.

Мурињо натпреварот го започна со комбинација од искусни првотимци и млади фудбалери, а во финишот им даде шанса речиси исклучиво на играчите од академијата. Токму Јанес, кој влезе од клупата, го реши победникот. До почетокот на новата сезона Реал ќе одигра уште неколку пријателски натпревари, а првенствениот старт во Ла Лига е закажан за 22 август, кога „кралевите“ ќе гостуваат кај Еспањол.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.