Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас најверојатно го одигра својот последен натпревар во дресот на Наполи. Неговата позајмица од Лајпциг завршува, а италијанскиот клуб засега нема конкретни сигнали за откуп на договорот.
Елмас беше стартер и одигра цел натпревар во победата над Удинезе од 1:0 во последното коло. Единствениот погодок на овој дуел го постигна Расмус Хојлунд.
Покрај македонскиот фудбалер, клубот од Неапол го напушта и трофејниот италијански тренер Антонио Конте. Поради тоа, тимот на Наполи го очекуваат навистина сериозни промени во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Со овој триумф Наполи ја потврди втората позиција на табелата во Серија А со 76 бодови. Клубот заврши со единаесет бодови помалку од новиот шампион Интер, додека Удинезе остана на десеттото место.

