Меѓународен фудбал Фудбал

По Златната топка и нов договор: Хари Кејн стана најплатениот фудбалер во Европа!

Шпекулациите околу иднината на Хари Кејн и евентуалниот интерес од Барселона беа експресно прекинати откако Баерн Минхен и официјално ја продолжи соработката со англискиот голгетер до 30 јуни 2029 година.

Тукушто крунисаниот освојувач на „Златната топка“ за 2026 година стави потптис на нов договор со кој, според реномираните спортски медиуми, станува најдобро платениот фудбалер на европскиот континент кога во предвид се зема исклучиво основната плата.

„Во Минхен се чувствувам како дома. Го обожавам клубот, градот и нашите навивачи. Имаме фантастичен тим и извонреден стратег во Винсент Компани. Моето семејство е пресреќно овде и моја единствена желба беше да останам и да освојувам уште повеќе трофеи со овој гигант“, изјави 33-годишниот напаѓач по потпишувањето.

Преминот во редовите на германскиот гигант се покажа како полн погодок за Кејн, кој во Баерн конечно стигна до посакуваните пехари, освојувајќи две титули во Бундеслигата, еден Куп на Германија и два Суперкупа. Неговите статистички параметри во баварскиот дрес се застрашувачки, на 161 официјален натпревар постигна неверојатни 156 голови и подели 41 асистенција, потврдувајќи го статусот на најдобар напаѓач на денешницата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.