Меѓународен фудбал Фудбал

По заминувањето на Картал, Фенербахче го назначи Дирк Кајт за привремен тренер

Фенербахче го назначи поранешниот холандски репрезентативец Дирк Кајт за привремен тренер, по оставката на Исмаил Картал по поразот од Галатасарај со 1-2 во големото истанбулско дерби. Кајт ќе го води турскиот гигант додека раководството не пронајде трајно решение за тренерската позиција. Холанѓанецот добро ја познава средината, бидејќи настапуваше за Фенербахче од 2012 до 2015 година и ја освои шампионската титула во Турција во 2014 година.

Поранешниот напаѓач остави силен белег и во Ливерпул, каде што играше од 2006 до 2012 година. По завршувањето на кариерата работеше како тренер во Холандија и Белгија, а во јуни повторно се приклучи на стручниот штаб на Фенербахче. Сега Кајт ќе има задача да ја стабилизира екипата по болниот пораз од најголемиот ривал, додека клубот од Истанбул бара долгорочно решение за клупата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.