Други спортови Тенис

По Вимблдон, Ѓорческа ќе се бори и за место на УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има нова шанса да избори настап на уште еден Грен слем турнир. Таа се најде на објавената листа на учеснички за претстојниот УС Опен, каде што ќе се обиде преку квалификациите да обезбеди место во главниот ждреб. Со моменталниот пласман на 214. позиција на ВТА-листата, Ѓорческа ќе го започне настапот во квалификацискиот дел, каде што ќе се натпреваруваат тенисерките кои не обезбедија директен пласман.

Македонската тенисерка неодамна испиша историја со своето деби на Вимблдон, откако успешно ги мина квалификациите и за првпат настапи на турнир од Грен слем серијата. Иако беше елиминирана во првото коло од Аманда Анисимова, настапот во Лондон претставуваше голем успех и дополнителен поттик за продолжението од сезоната. Следната цел на Ѓорческа е Њујорк, каде што повторно ќе се обиде да го повтори подвигот и да избори место меѓу најдобрите на УС Опен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.