Боречки спортови Други спортови

По тешкиот нокаут, Цветиќанин повторно влегува во рингот!

Само еден месец по тешкиот пораз во борбата за светската титула, српскиот кик-боксер Милош Цветиќанин повторно ќе настапи во GLORY. Искусниот борец не губеше време и веќе договори нов предизвик во една од најсилните светски кик-бокс организации. Цветиќанин на 12 декември ќе се бори против Донован Висе на настанот GLORY Collision 10, кој ќе се одржи во холандскиот Арнем.

Иако неодамна беше нокаутиран од Мори Крома во мечот за шампионскиот појас во тешка категорија, српскиот борец остана високо рангиран меѓу предизвикувачите. Овојпат ќе настапи во полутешка категорија, дивизија во која претходно оствари неколку значајни резултати.

Настанот во Арнем ќе понуди уште неколку атрактивни пресметки. Мори Крома ќе ја брани титулата во тешка категорија против Антонио Плазибат, додека шампионот во полутешка категорија, Мохамед Тушаси, ќе се соочи со Тарик Кбабез. На програмата е и Гран при турнир со осум борци во велтер категорија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.