Меѓународен фудбал Фудбал

По Салах и Нуњес, Трабзонспор тргна и по Леандро Паредес!

Трабзонспор продолжува да гради моќен тим со кој планира сериозно да се вклучи во борбата за титулата во Турција. По ангажманот на Мохамед Салах и доведувањето на Дарвин Нуњес на заем од Ал Хилал за годишна плата од осум милиони евра, следна голема желба на раководството е аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес, кој во моментов ги брани боите на Бока Јуниорс.

Иако турскиот клуб е подготвен за уште една голема инвестиција, реализацијата нема да биде лесна бидејќи Паредес, по богатата европска кариера во ПСЖ, Јувентус и Рома, во моментов не е премногу заинтересиран за повторно враќање во Европа. Сепак, Трабзонспор со овие потези јасно покажува дека сака рамноправно да им парира на гигантите Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ, но и да направи голем резултат во европските натпреварувања.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.