Меѓународен фудбал Фудбал

По повеќе од една деценија, Лукас Дињ се врати во ПСЖ

Искусниот француски лев бек Лукас Дињ официјално се врати во редовите на Пари Сен Жермен, потпишувајќи договор со европскиот шампион до летото 2029 година. Парижаните ја активираа откупната клаузула во неговиот договор со Астон Вила вредна околу 10 милиони евра, со што Дињ го задолжи дресот со број 12 и ќе претставува сериозна конкуренција за Нуно Мендеш.

Дињ за првпат пристигна во ПСЖ од Лил во 2013 година, а по заминувањето од Париз ги бранеше боите на Рома, Барселона, Евертон и Астон Вила. Во клубот од Бирмингем помина четири и пол години, одигра 182 натпревари и минатата сезона му помогна на тимот да стигне до трофејот во Лигата на Европа.

„Исклучително сум почастен што се враќам во ПСЖ по прекрасното искуство што го имав тука пред повеќе од десет години. Посебно ме импресионираше колку напредуваше клубот во овој период и со нетрпение чекам да го ставам моето искуство во служба на тимот“, изјави Французинот, кој во својата кариера има одиграно над 500 клупски натпревари и 64 настапи за репрезентацијата на Франција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.