Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

По поразот во финалето, Скалони доби неверојатна поддршка од навивачите пред неговата куќа! (ВИДЕО)

Иако Аргентина остана без светската титула по поразот од Шпанија во финалето, довербата и љубовта кон селекторот Лионел Скалони воопшто не се намалија. Напротив, неговиот дом во родното место секојдневно е преполн со навивачи кои сакаат лично да му изразат благодарност и поддршка. Поради големиот број посетители, полицијата воведе засилени безбедносни мерки и постави заштитни огради околу неговиот имот за да се избегнат инциденти и метеж.

Според аргентинските медиуми, Скалони двапати дневно излегува пред насобраните навивачи, се поздравува со нив, дели автограми и се фотографира, уште еднаш покажувајќи колку силна е врската што ја изгради со аргентинската јавност.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.