Меѓународен фудбал Фудбал

По пет години во Хајдук, Кровиновиќ се пресели во Гремио!

Филип Кровиновиќ ја заврши својата етапа во Хајдук и е подготвен за нов предизвик во кариерата. Искусниот хрватски играч за врска ќе го има првото искуство надвор од Европа, откако прифати понуда од еден од најтрофејните клубови во Бразил. Гремио официјално го претстави 30-годишниот Кровиновиќ како свое ново засилување. Тој денеска ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи во Порто Алегре, по што ќе стави потпис на договор со важност до крајот на 2028 година.

За Кровиновиќ ова ќе биде повторна соработка со тренерот Луиш Кастро, со кого веќе работеше за време на престојот во португалскиот Рио Аве. Хрватскиот фудбалер ја започна професионалната кариера во НК Загреб, а потоа настапуваше за Рио Аве и Бенфика, пред во 2021 година да се пресели во Хајдук, каде помина пет сезони.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.