Јувентус продолжува со комплетната реконструкција на својот напаѓачки ред по заминувањето на Душан Влаховиќ. Откако го обезбеди потписот на Рандал Коло Муани, италијанскиот гигант сега ги насочи сите сили кон ангажман на холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе од редовите на Манчестер Јунајтед.
Според информациите на италијанските медиуми, 25-годишниот фудбалер веќе дал согласност за враќање во Италија, а раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да го пушти на позајмица со можност за откуп. Тренерот Лучијано Спалети и спортскиот директор Рики Масара го гледаат Зиркзе како примарна желба за засилување на офанзивната линија.
Зиркзе пристигна на „Олд Трафорд“ пред две години од Болоња, но не успеа да го повтори одличниот учинок од Серија А, постигнувајќи само девет погодоци на 75 натпревари за англискиот клуб. Поради тоа, враќањето на Апенините се чини како идеална можност за Холанѓанецот да ја врати препознатливата форма.

