Меѓународен фудбал Фудбал

По две децении чекање, Арсенал го сруши Атлетико за големо финале!

Лондон вечерва слави откако „топчиите“ покажаа дека се подготвени повторно да владеат со Европа, совладувајќи го цврстиот состав на Диего Симеоне. Со многу дисциплина и паметна игра, тимот на Микел Артета успеа да ја скрши мадридската одбрана и да си обезбеди билет за најважниот натпревар во сезоната.

Арсенал се пласираше во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта, откако со минимални 1:0 го совлада Атлетико Мадрид во реванш полуфиналето. По ремито (1:1) во Шпанија, херој на лондончани беше Сака, кој постигна златен гол непосредно пред паузата. Откако Облак го одбрани ударот на Тросар, Сака најбрзо реагираше и ја смести топката во мрежата за делириум на „Емирати“.

Во вториот дел, Атлетико се обиде да се врати, а најголемата закана дојде по грешката на Салиба, но Габриел Магаљаеш интервенираше во последен миг. Виктор Ѓокереш на спротивната страна имаше шанса да го потврди триумфот, но неговиот удар заврши за малку покрај голот. Во самиот финиш, Сорлот ја пропушти последната прилика за „јорганџиите“, по што започна големото славје на Арсенал, кој го чека подобриот од дуелот меѓу Баерн и ПСЖ за својот втор финален настап во историјата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести