Меѓународен фудбал Фудбал

По два порази, Лајпциг експлодираше и го прегази Хамбургер! (ВИДЕО)

Лајпциг ја прекина кратката серија од два порази и на најдобар можен начин се врати на победнички патеки. Поранешниот клуб на Елиф Елмас одигра одличен натпревар пред своите навивачи и со убедливи 5:0 го совлада Хамбургер. Домашниот состав од самиот почеток ја презеде контролата врз играта и во текот на целиот натпревар не му дозволи на противникот сериозно да се закани. Притисокот вроди со плод во 17. минута, кога Гомис го отвори резултатот.

Лајпциг продолжи во ист ритам, а Нуса во 32. минута погоди за 2:0 и му овозможи на својот тим мирно да замине на пауза. Во второто полувреме домаќините продолжија со офанзивата и постигнаа уште три гола. Орбан, Нкунку и Ромуло ја затресоа мрежата на Хамбургер, поставувајќи го конечниот резултат од убедливи 5:0. Со оваа победа Лајпциг испрати јасна порака дека по поразите од Вердер и Комо повторно се враќа во посакуваниот ритам.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.