Меѓународен фудбал Фудбал

По два меча без минутажа, Бајрактaрeвиќ може да добие шанса утре против Порто!

Есмир Бајрактaрeвиќ би можел да се најде во почетниот состав на ПСВ Ајндховен за дуелот против Порто во Лигата на шампионите. По два натпревари на кои не доби шанса за настап, младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина е меѓу кандидатите за стартната постава.

Тренерот Петер Бош на претходните средби против РБ Лајпциг и АДО Ден Хаг се одлучи за други решенија, но двата порази би можеле да го натераат да направи промени во тимот. Според најавите во холандските медиуми, Бајрактaрeвиќ има реални шанси да добие доверба од првата минута против португалскиот гигант.

Дваесетгодишниот офанзивец сезонава веќе покажа дека може да придонесе во нападот. На пет настапи во холандското првенство постигна еден гол и забележа три асистенции, статистика што ја потврдува неговата ефикасност кога добива простор на теренот. За Бајрактaрeвиќ евентуалниот старт против Порто би бил можност да се наметне и на европската сцена. Сепак, конечната одлука на Бош ќе биде позната дури пред почетокот на натпреварот.

Дуелот меѓу Порто и ПСВ е најавен за утре од 21 часот на стадионот „Драгао“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.