Меѓународен ракомет Ракомет

По девет години во Берлин, Марсениќ пред сензационално враќање во Партизан!

По речиси една деценија во германската престолнина, Мијajло Марсениќ на крајот од сезоната 2026/27 ќе го напушти Фуксе Берлин. Германскиот клуб потврди дека договорот со српскиот репрезентативец нема да биде продолжен. Марсениќ во Берлин пристигна во 2018 година од Вардар, со кого претходно ја освои Лигата на шампионите. Во дресот на Фуксе се етаблираше како еден од клучните играчи, освои Лига Европа и домашни трофеи, а двапати играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Следниот чекор во кариерата сè уште не е познат, но Партизан се наметнува како сериозна опција. Белградскиот клуб одамна сака да го врати искусниот пивот, а самиот Марсениќ во минатото не криеше дека би сакал кариерата да ја заврши во црно-белиот дрес. Сепак, евентуалното враќање нема да биде едноставно. Големо прашање се финансиските услови, односно дали Партизан ќе може да ги исполни барањата на српскиот репрезентативец.

Така, по заминувањето на Дејан Милосављев, уште еден српски репрезентативец ќе го напушти Берлин. Останува да се види дали Марсениќ од летото 2027 година ќе се врати во Србија и ќе го облече дресот на Партизан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.