Одличните настапи на Светското првенство очигледно не останаа незабележани. Искусниот голман на репрезентацијата на Кабо Верде, Возиња, наскоро ќе започне ново поглавје во својата кариера, откако постигнал договор со еден од најголемите клубови во Јужна Америка.
Според информациите, 40-годишниот чувар на мрежата постигнал усен договор со чилеанскиот гигант Коло Коло. Во текот на викендот треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи, по што ќе стави потпис на официјалниот договор. Возиња последните две сезони го бранеше голот на португалски Чавес, а по завршувањето на договорот стана слободен играч. Неговите одлични интервенции на Мундијалот го привлекоа вниманието на повеќе клубови, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на најтрофејниот чилеански клуб.

