Кошарка Меѓународна кошарка

По Адетокумбо, Мајами донесе уште едно значајно засилување!

Мајами Хит продолжува активно да го гради тимот за новата НБА сезона, а најново засилување е искусниот бек Тим Хардавеј Џуниор, кој потпиша едногодишен договор вреден 6,5 милиони долари. Хардавеј во Мајами пристигнува по солидната сезона со Денвер Нагетс, каде што настапи на 80 натпревари и во просек бележеше 13,5 поени, притоа реализирајќи 40,6 проценти од обидите за три поени – најдобар шутерски учинок во неговата кариера.

Во редовите на Хит се очекува да донесе дополнителна сигурност во шутот од дистанца и поголема офанзивна длабочина, особено како важен адут од клупата. Клубот верува дека неговото искуство и способноста да погодува во серија ќе бидат значајни во борбата за висок пласман во Источната конференција. За Хардавеј ова ќе биде шести клуб во НБА-лигата, откако претходно ги носеше дресовите на Њујорк, Атланта, Далас, Детроит и Денвер.

Мајами во изминатиот период веќе испрати силна порака на трансфер-пазарот со ангажманот на Јанис Адетокумбо и продолжувањето на соработката со Ендрју Вигинс, а доаѓањето на Хардавеј дополнително ги зголемува амбициите на тимот за претстојната сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.