Авто-мото Други спортови

По 9 години пауза, се враќа најтешката патека за возење во Формула 1!

Формула 1 овој викенд повторно ќе вози на едно од своите најпрепознатливи места. По пауза од девет години, Сепанг се враќа во календарот, а патеката во Малезија веднаш носи посебна приказна. Враќањето на Сепанг не беше планирано во оригиналниот календар. Поради ситуацијата на Блискиот Исток, трката за Големата награда на Бахреин е преместена, па од 2 до 4 октомври Ф1 ќе се пресели во Малезија.

Сепанг последен пат беше домаќин на трка во 2017 година, а токму Макс Ферстапен ја освои последната победа на оваа патека. Холанѓанецот тогаш имаше само 20 години, а девет години подоцна повторно ќе се најде на местото каде што последен пат се искачи на највисокото скалило. Голем предизвик за возачите ќе биде и самата патека. Високите температури, големата влажност и можноста за ненадеен дожд традиционално го прават Сепанг една од најтешките патеки за возење. Дополнителен фактор ќе биде и абразивниот асфалт, кој може значително да влијае врз истрошеноста на пневматиците.

Интересно е што само десет од актуелните 22 возачи имаат претходно искуство во Формула 1 на Сепанг, додека современите болиди никогаш не се натпреварувале на оваа патека. Сето тоа отвора можност за тркачки викенд полн со неизвесност, а за Верстапен враќањето во Малезија доаѓа со дополнителна симболика токму на Сепанг ја запиша последната победа во историјата на Формула 1 на оваа патека.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.