Меѓународен фудбал Фудбал

По 44 гола, Талиска си замина од Фенербахче!

Фенербахче потврди неочекувана разделба со Андерсон Талиска, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот. Бразилскиот напаѓач пристигна во турскиот гигант на почетокот од 2025 година и за кратко време се наметна како еден од клучните играчи во тимот.

Талиска во дресот на Фенербахче постигна 44 гола на 75 натпревари, а претходно настапуваше и за Баја, Бенфика, Бешикташ, Гуангжу и Ал-Наср, каде што беше соиграч со Кристијано Роналдо. Иако заминувањето доаѓа неочекувано, 32-годишниот Бразилец најверојатно нема долго да биде без клуб. Според најавите, неговата следна дестинација би можела да биде Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.