Меѓународен фудбал Фудбал

По 17 години во Европа, Квадрадо потпиша за Милионариос

Колумбискиот фудбалер Хуан Квадрадо по 17 години минати во Европа реши да се врати во татковината и потпиша за Милионариос. 38-годишниот Квадрадо кариерата ја започна во Индепендиенте Меделин, а во 2009 година замина во Удинезе. Во Италија играше уште за Лече, Фиорентина, Јувентус, Интер, Аталанта и Пиза, додека беше дел и од Челзи.

Со Јувентус освои пет титули во Серија А и четири Купа на Италија, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2016/17. Со Челзи стана шампион на Англија во 2014/15, додека со Интер ја освои Серија А во сезоната 2023/24.

За репрезентацијата на Колумбија настапуваше на Светските првенства во 2014 и 2018 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.