Андреа Пирло го прекина молкот откако неговиот ангажман за нов селектор на Италија пропадна во последен момент. Договорентата соработка пропадна поради неговиот спонзорски договор со руската обложувалница „Фонбет“.
Овој договор предизвика бурни реакции кај италијанските политичари и јавни личности. Поради тоа, Фудбалскиот сојуз на Италија реши да се повлече од целата зделка.
Италијанскиот стручњак истакна дека оваа соработка започнала додека работел во Обединетите Арапски Емирати. Тој порача дека договорот е од исклучиво деловна природа и нема никаква политичка позадина.
Пирло им се заблагодари на Паоло Малдини и Леонардо за укажаната доверба и поддршка. Поранешниот фудбалер додаде дека е разочаран што чисто спортска тема беше вовлечена во политичка дебата.
Италија останува без селектор по заминувањето на Џенаро Гатузо и неуспехот да се избори пласман на Мундијалот 2026. „Аѕурите“ претходно беа одбиени и од Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.

