Трабзонспор е во потрага по нов тренер, а како главен кандидат за клупата се појави искусниот италијански стратег Стефано Пиоли. Според информациите на новинарот Јаѓиз Сабунџуоглу, турскиот клуб веќе започнал преговори со 60-годишниот тренер, кој во моментов е без ангажман.
Пиоли последно работеше во Фиорентина, а во кариерата има водено голем број познати клубови, меѓу кои Милан, Интер, Лацио и Болоња. Беше и тренер на Ал-Наср. Трабзонспор остана без тренер по заминувањето на Фатих Теке, па раководството сега се обидува што поскоро да најде негов наследник.

