Македонски ракомет Ракомет

Пилиповиќ со европска круна заминува од Охрид!

Хрватскиот чувар на мрежата, Кристијан Пилиповиќ, стави спектакуларен крај на својата авантура во македонскиот ракомет. Како еден од главните столбови во историскиот поход на Охрид, тој блесна кога беше најпотребно – со 13 клучни интервенции против Татабања буквално ја заклучи победата вредна европски трофеј. Ова воедно беше и неговиот последен танц за „гладијаторите“, со оглед на тоа што од следната сезона негов нов предизвик ќе биде швајцарскиот тим Луцерен.

По големиот триумф во еуфоричните „Билјанини извори“, одличниот голман не можеше да ги сокрие емоциите и упати благодарност до сите кои беа дел од овој незаборавен успех:

„Ова беше најлуд меч, каква енергија… Голема благодарност до градот, до навивачите и најмногу до мојата екипа. Секоја чест за момците. Горд сум што бев дел од оваа фантастична приказна“. – изјави Пилиповиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.