Кошарка Меѓународна кошарка

Петта победа во низа за Бостон: Тејтум го сруши Орландо (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја продолжија победничката серија во НБА лигата, откако на гостувањето кај Орландо Меџик славеа со 108:97 во динамичен натпревар со неколку големи резултатски пресврти. За Бостон ова беше петти последователен триумф, додека домаќините немаа сили за целосен подвиг и покрај неколкуте враќања од двоцифрена негатива.

Орландо подобро го започна мечот и преку прецизен шут за три поени стигна до највисоки девет поени предност. Сепак, Бостон брзо го фати ритамот и уште до крајот на првата четвртина презеде водство од 24:23. Гостите во третиот период заминаа и на плус 15, но Орландо одговори со офанзивна серија од 18:3 и преку Ентони Блек израмни на 72:72, враќајќи ја интригата во мечот.

Во одлучувачката четвртина домаќините повторно се доближија на само четири поени негатива (97:93), но тогаш одговорноста ја презеде Џејсон Тејтум. Тој врза два важни погодоци, а Пол Џорџ со тројка за 106:95 го запечати триумфот на гостите.

Тејтум беше незапирлив и го заврши мечот со 32 поени, седум асистенции и четири скокови, а неговиот настап го обележа и краткото заминување во соблекувалната поради расекотина и крварење по судирот со Џамал Кејн во првиот дел. Покрај него, Пол Џорџ постигна 17 поени, додека значаен придонес од клупата даде Лука Гарза со 12 поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.