Селекторот на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, го одреди конечниот список од 12 кошаркарки за вечерашниот гостински натпревар против Романија во Букурешт. Одлуката падна непосредно по одработувањето на последниот тренинг во салата „Поливалента Рапид“, каде што македонските кошаркарки ги направија последните подготовки пред дуелот што започнува во 17 часот.
Во финалниот ростер кој ќе ги брани боите на Македонија и ќе се бори за што подобар резултат на гостувањето во главниот град на Романија се најдоа: Ана Милованова, Сања Адамовска, Сара Максимовска, Марија Митева, Катерина Поп-Димитровскa, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Jана Пислевска, Јована Петрушевска, Глорија Груевска, Тијана Митрева и Цветанка Димова

