Сасуоло приреди големо изненадување и го совлада Јувентус со 3:2 во натпревар од четвртото коло во Серија А. „Неровердите“ до победата стигнаа во последните секунди од мечот на „Мапеи“, во кој сите пет гола беа постигнати во второто полувреме. Домаќините поведоа во 66. минута преку Себастиано Еспозито, кој ја искористи одличната топка од Немања Матиќ и излезе сам пред голманот на Јувентус, а потоа рутински погоди за 1:0.
„Старата дама“ не се предаде и во 82. минута стигна до израмнување. Едон Жегрова ја искористи грешката на голманот на Сасуоло и ја затресе мрежата за 1:1. Само седум минути подоцна Сасуоло повторно имаше предност. Дарил Бакола го пронајде Киерон Боуи, кој од добра позиција погоди за 2:1.
Но, драмата тука не заврши. Во првата минута од судиското продолжение Жегрова по вторпат се запиша меѓу стрелците, овојпат со одличен удар од далечина за ново израмнување. Кога се чинеше дека двата тима ќе ги поделат бодовите, Сасуоло зададе последен удар. Во петтата минута од продолжението Василие Аџиќ го постигна победничкиот гол по асистенција на Арман Лауриенти и му донесе огромна победа на својот тим. Интересно е што Аџиќ до неодамна беше фудбалер на Јувентус, па неговиот гол против поранешниот клуб доби дополнителна тежина. По оваа победа, Сасуоло и Јувентус имаат по седум бодови и се наоѓаат во средишниот дел од табелата во Серија А.

