Меѓународен фудбал Фудбал

Перез останува претседател на Реал Мадрид до 2030 година, Мурињо се враќа на клупата

Флорентино Перез извојува убедлива победа на претседателските избори во Реал Мадрид и ќе го предводи „кралскиот клуб“ во нов мандат до 2030 година. По пребројувањето на гласовите кое траеше до доцна во ноќта, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741 глас), додека неговиот противкандидат Енрике Рикелме освои 35 проценти (11.814 гласови). Ова беа први избори со двајца кандидати во Мадрид по точно две децении, откако Перез победуваше без ниту еден противник во претходните четири изборни циклуси.

Главната цел на Перез во новиот мандат ќе биде експресно враќање на клубот на врвот, по две последователни сезони во кои Реал не успеа да освои ниту еден трофеј. Во својот победнички говор, тој изрази огромна гордост за начинот на кој помина гласањето, но веднаш ја соопшти и клучната вест за иднината на тимот. Перез официјално потврди дека Жозе Мурињо е новиот шеф на стручниот штаб, најавувајќи дека со еден од најдобрите светски тренери клубот повторно ќе тргне во поход по меѓународен углед и нови титули.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.