Пеп Гвардиола се огласи по официјалната потврда за пресудата против Манчестер Сити за 114 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата.
Иако го напушти клубот на крајот од минатата сезона по десет години преполни со успеси, трофејниот стратег испрати силна порака на поддршка до навивачите и раководството преку својот профил на Инстаграм.
„Сакам да му порачам на секој навивач на Манчестер Сити во светот, сакам да знаете дека сум тука, повеќе од кога било. Секогаш сум бил и секогаш ќе бидам со мојот клуб, со сопственикот, со претседателот, со Феран, со играчите, стручниот штаб, со Енцо и со сите вас, уникатните навивачи. Да бидам јасен, ова ќе го пребродиме заедно. Ве сакам сите.“
Од Манчестер Сити веќе најавија жалба на одлуката, истакнувајќи дека се невини и дека располагаат со несобориви докази со кои ќе ја докажат својата вистина.

