Меѓународен фудбал Фудбал

Пеп Гвардиола и вели збогум на тренерската кариера?

Еден од најголемите фудбалски стратези во историјата, Пеп Гвардиола, размислува целосно да се повлече од фудбалот. Според информациите што кружат, Шпанецот е исцрпен од секојдневниот притисок, патувањата и огромните очекувања, а желбата за повеќе време со семејството се покажа поголема од кој било нов спортски предизвик.

Иако имаше уште една година од договорот со Манчестер Сити, Гвардиола реши предвреме да си замине од „Итихад“ и да затвори едно од најуспешните поглавја во историјата на Премиер лигата. Претходно тој ја одби и можноста да застане на чело на репрезентацијата на Италија, иако разговорите што ги откри Паоло Малдини биле отидени далеку.

Гвардиола зад себе има над 40 освоени трофеи на клупата на Барселона, Бајерн Минхен и Манчестер Сити, но уште поважно, кариера во која револуционерно го промени начинот на кој се игра и размислува за фудбалот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.