Во недела од 17:30 часот, Манчестер Сити и Арсенал ја играат можеби и клучната утакмица во борбата за Премиер Лигата. „Топџиите“ ќе допатуваат на Етихад како лидери на табелата, со предност од 6 бодови пред второпласираниот Манчестер Сити, но имаат и натпревар повеќе од конкурентот.
На пресконферецијата пред натпреварот, стратегот на клупата на Сити, Пеп Гвардиола беше дециден дека доколку Арсенал победи во недела, тоа ќе биде крај за надежите на Сити за тутулата во Премиер Лигата.
Арсенал иако е лидер на табелата, во последно време покажува доста слабости и се чини дека притисокот кој го носи борбата за титулата, за лондончани кои повеќе од 20 години го чекаат трофејот од Премиер Лигата, може да претставува проблем во финишот на сезоната.
Предходно овие две екипи се сретнаа во финалето на Карабао Купот, а избраниците на Пеп славеа со 2:0.

