Кошарка Меѓународна кошарка

Пењароја потпиша нов договор со Партизан до 2028 година

Шпанскиот стратег Џоан Пењароја доби нов долгорочен договор од раководството на Партизан како награда за одличните резултати во АБА лигата.

Иако белградските „црно-бели“ го загубија првиот финален натпревар против Дубаи, раководството на клубот покажа максимална верба во шпанскиот стручњак. Пењароја успеа да го подигне тимот по хаотичниот зимски период и заминувањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ, кога многумина беа скептични за неговото доаѓање во Белград. Поранешниот тренер на Барселона брзо ги демантираше критичарите, ја стабилизираше формата и воведе комплетен ред во екипата, а како круна на добрата работа дојде убедливиот триумф од 2:0 над Црвена Ѕвезда во полуфиналето.

Како што пренесуваат српските медиуми, поранешниот шеф на стручниот штаб на Андора и Басконија стави потпис на нова соработка со која и официјално се „заклучи“ на клупата на Партизан до крајот на 2028 година. На овој начин, клубот му даде долгорочна доверба во моментите кога тој ја предводи битката за регионалниот трофеј.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.