Еурофарм Пелистер продолжува со модернизацијата на клубот, а најновата новина е нов, брендиран автобус кој ќе биде на располагање на првиот тим. На возилото доминира препознатливиот идентитет на битолскиот клуб, заедно со пораката „Само еден тим, само еден град“.
Со новото превозно средство, ракометарите ќе имаат уште подобри услови при патувањата, особено во сезоната во која покрај домашните обврски ги очекуваат и настапи во Европската лига на ЕХФ. Пелистерци се во завршна фаза од подготовките за новата сезона во Суперлигата, а новиот автобус би можел да го има своето деби веќе на 19 септември, кога битолскиот тим ќе гостува во Струга.

