Кошарка Македонска кошарка

Пелистер се засилува: Американскиот центар Рузвелт Вилер е ново име во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжи со комплетирање на ростерот за претстојната сезона, потврдувајќи го ангажманот на американскиот интернационалец Рузвелт Вилер. 23-годишниот центар пристигнува во Битола за да ја зголеми конкуренцијата и да донесе дополнителна цврстина во рекетот.

Вилер е висок 211 сантиметри и ја започна кариерата во американската колеџ-кошарка, каде што ги бранеше боите на познатите универзитети Луизвил и Ист Тенеси. По завршувањето на универзитетската кариера, тој се пресели во Европа каде што минатата сезона настапуваше за швајцарските екипи Женева и Масањо, а во својата биографија веќе има и шампионски трофеј освоен со тимот на Кулпе во Чиле.

Во битолскиот табор очекуваат дека неговата физичка доминација и заградувањето под кошевите ќе бидат значаен адут во тактичките замисли за новата сезона. Американскиот кошаркар во текот на наредните денови треба да пристигне во Битола, по што веднаш ќе им се стави на располагање на соиграчите и на шефот на стручниот штаб, Тане Спасев.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.