Кошарка Македонска кошарка

Пелистер продолжува да го гради ростерот, ангажиран Лука Савичевиќ

Пелистер продолжува со составувањето на ростерот за новата сезона, а најново засилување во редовите на битолскиот клуб е 24-годишниот македонски кошаркар Лука Савичевиќ. Савичевиќ во Битола пристигнува од Феникс 2010, а во досегашната кариера има искуство и од странство. Беше дел од Шпанската кошаркарска академија, додека во САД настапуваше во NCAA-лигата за Источен Мичиген и Лафајет.

Новиот член на „зелено-белите“ претходно го носеше и дресот на МЗТ Скопје, а производ e на македонската кошаркарска школа. Савичевиќ е и долгогодишен младински репрезентативец на Македонија, каде што во својата генерација имаше значајна улога. Пелистер со неговото ангажирање добива млад и перспективен играч со искуство од домашната, европската и американската кошарка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.